ProfilPASS

Проектот CARE

Проектот Проценка на компетенции за реинтеграција и јакнење ((CARE – Competence Assessment for Reintegration and Empowerment) има за цел да укаже на предизвиците во спроведувањето на политики и мерки за поддршка на ранливи млади, со особен акцент на оние кои не се во работен однос ниту пак во образование или обука (NEET – Not in Employment, Education nor Training).

Поддршка на млади од ранливи категории

Проценка на компетенции за реинтеграција и јакнење

Во рамките на проектот, спроведовме квалитативно истражување во 4 плански региони во Северна Македонија, во кои има највисока стапка на млади од категорија NEET.

Во фокусот на нашето истражување беа:

Утврдивме дека постои недостаток на методи, алатки и воопшто структуриран пристап во пружањето поддршка на овие млади луѓе. Тоа особено се однесува на мерките за кариерно советување и кариерно водство како еден од модалитетите за охрабрување на овие индивидуи.

Со цел да излеземе во пресрет на овие недостатоци во примената на политиките и да дадеме придонес во унапредување на поддршката што им се нуди на ранливите млади, ја претставуваме методологијата ProfilPASS.