Носител на проектот

Центар за доживотно учење (ЦДУ)

е здружение на граѓани кое во март 2023 ја прослави 10-годишнината од своето постоење. Главна визија на ЦДУ е унапредувањето и одржливиот развој на неформалното образование на возрасните и промоција на доживотното учење. Досега, Центарот за доживотно учење, во соработка со мноштво партнерски организации има реализирано бројни проекти, поддржани од различни донатори. Како таков, со својата досегашна посветеност во работењето, а следејќи ја визијата за квалитетно образование, со функционални национални систем и структури, образование отворено и достапно за сите, ЦДУ е еден од носечките поддржувачи и промотори на доживотното учење во нашата земја.

Од 2019та наваму, ЦДУ е активно вклучен во меѓународни конзорциуми за развој и прилагодување на методологијата ProfilPASS за различни целни групи. Стекнатото искуство и експертиза во работата на терен со оваа алакта, која се покажа како исклучително ефективна во поддршката на различни категории луѓе, ЦДУ сака да ја промовира и на национално ниво, да укаже на придобивките од нејзиното користење и да ги гради капацитетите на различни чинители за нејзина примена во иднина.

За да дознаете повеќе за тековните проекти на ЦДУ:

ProfilPASS