Според извештајот на Меѓународната Организација за Труд (International Labour Organisation, ILO): „Млади луѓе кои не се во образование, вработување или пак во обука“, објавен во 2022, стапката на оваа категорија на луѓе во Северна Македонија изнесувала 24,2% (речиси четвртина од од вкупната популација на млади), речиси двојно од просекот на стапката регистрирана во ЕУ (13,7%). Највисока застапеност е регистрирана во региионот Североисток (39,7%), Полог (30,7%), Југозапад (29,2%) и Скопје (23,8%).
Политиките за справување со предизвиците на младите се составен дел од сите релевантни стратешки рамки во секторите образование, труд и социјала и вработување, со различни мерки, програми итн.
Но, праксата покажува дека постои недостаток од структури и одржливи, системски систематични практики за кариерно водство и советување како интегрален дел од поддршката на оваа целна група.
Оттука, главна цел на проектот „Проценка на компетенции за реинтеграција и јакнење“ е да придонесе кон општествена благосотојба, инклузија и зголемување на вработиливоста преку градење на капацитетите на граѓанските организации, како и на другите чинители, за активно користење на иновативни пристапи во работата со млади кои не се во работен однос, ниту во образование или обука (категорија NEET – not in Employment, Education nor Training) како и за градење меѓусекторска синергија, размена и трансфер на знаење.
Придонес кон унапредување на примената на политиките преку подигање на свеста и јакнење на капацитетите на граѓанските организации и други чинители за ефикасно користење на алатки за водство и советување на млади од категоријата NEET.
Придонес кон градење синергија, соработка и размена меѓу граѓанскиот сектор и другите чинители кои работат со ранливи млади.
Оваа веб-локација е изготвена со поддршка од програмата Механизам за граѓанска отпорност што се финансира од Европската Унија. Содржината е исклучива одговорност на Центар за доживотно учење и не мора задолжително да ги одразува ставовите на Европската Унија.