Проектни цели и резултати

Според извештајот на Меѓународната Организација за Труд (International Labour Organisation, ILO): „Млади луѓе кои не се во образование, вработување или пак во обука“, објавен во 2022, стапката на оваа категорија на луѓе во Северна Македонија изнесувала 24,2% (речиси четвртина од од вкупната популација на млади), речиси двојно од просекот на стапката регистрирана во ЕУ (13,7%). Највисока застапеност е регистрирана во региионот Североисток (39,7%), Полог (30,7%), Југозапад (29,2%) и Скопје (23,8%).

Политиките за справување со предизвиците на младите се составен дел од сите релевантни стратешки рамки во секторите образование, труд и социјала и вработување, со различни мерки, програми итн.

Но, праксата покажува дека постои недостаток од структури и одржливи, системски  систематични практики за кариерно водство и советување како интегрален дел од поддршката на оваа целна група.

ProfilPASS

Оттука, главна цел на проектот „Проценка на компетенции за реинтеграција и јакнење“ е да придонесе кон општествена благосотојба, инклузија и зголемување на вработиливоста преку градење на капацитетите на граѓанските организации, како и на другите чинители, за активно користење на иновативни пристапи во работата со млади кои не се во работен однос, ниту во образование или обука (категорија NEET – not in Employment, Education nor Training) како и за градење меѓусекторска синергија, размена и трансфер на знаење.

Придонес кон унапредување на примената на политиките преку подигање на свеста и јакнење на капацитетите на граѓанските организации и други чинители за ефикасно користење на алатки за водство и советување на млади од категоријата NEET.

Придонес кон градење синергија, соработка и размена меѓу граѓанскиот сектор и другите чинители кои работат со ранливи млади.

Главни резултати:

Резултат 1

Квалитативно истражување на тема: „Актуелни политики, практики и предизвици во поддршката и јакнењето на ранливи млади“

Резултат 2

Инфо брошура за методологијата ProfilPASS

ProfilPASS