Финансиран од германското Сојузно министерство за образование, системот ProfilPASS (PP) е развиен во 2004 г. од германскиот Институт за образование на возрасни, германскиот Институт за меѓународни образовни истражувања (ДИПФ) и Институтот за развојни и структурни истражувања, Хановер. PP – системот се заснова на фактот дека луѓето учат претежно во неформални средини како семејството, низ волонтерска работа и преку справување со предизвици во нивниот живот. Тој претпоставува дека сите човечки суштества имаат компетенции (Компетентноста е повеќе од знаење и вештини. Вклучува можност за исполнување на комплексни барања, со црпење и мобилизирање на ресурси, вклучувајќи вештини и ставови во одреден контекст) и дека сите компетенции се вредни без оглед каде се стекнати.
Од 2006 година различни целни групи ја користат алатката, на пр.
Системот ProfilPASS се базира на хуманистички образовни цели. Во центарот на советувањето со ProfilPASS се наоѓа целокупната личност на човекот. Во согласност
со неговата филозофија, ProfilPASS се карактеризира со следниве одлики:
За да може да се создаде еден целосен профил на индивидуални силни страни, се вклучуваат сите средини и форми на учење.
Биографијата на корисникот е појдовна точка. Во фокусот се ставаат поединечни животни етапи иактивности.
Од аспект на доживотното учење, процесот на утврдување и развој на компетенциите никогаш не завршува. ProfilPASS е погоден за секоја животна етапа – со документирање може повторно да се продолжи во било кое време.
Преку интензивното занимавање со важните средини и форми во сопствената биографија, се изучува способноста за
самонасочување и саморефлексија. Корисниците учат како да
делуваат самоодговорно и како да се потпираат на своите силни страни
со својата отвореност кон резултат, се разликува од другите, затворени постапки. По правило, тие се состојат од барања за компетенции кои се однапред формулирани и однапред ограничени за одредени компетенции.
Кај ProfilPASS, кој е систем отворен кон резултат, можат да дојдат предвид сите стручни и вон-стручни компетенции
Доброволноста за работа со ProfilPASS, е една суштинска основа за процесот на саморефлексија. Корисниците на ProfilPASS одлучуваат самостојно кога би сакале да фрлат поглед во содржините што ги обработиле.
Во фокусот на ProfilPASS стои самозапознавањето со сопствените компетенции. Освен тоа, се препорачува, сопствените проценки да се надополнат со проценките од квалификуван советник.
На сите сертифицирани ProfilPASS – советници им езаедничко, што тие се обучени за работа со ProfilPASS
Оваа веб-локација е изготвена со поддршка од програмата Механизам за граѓанска отпорност што се финансира од Европската Унија. Содржината е исклучива одговорност на Центар за доживотно учење и не мора задолжително да ги одразува ставовите на Европската Унија.