Download area

ProfilPASS – Започни ја својата кариера!

ProfilPASS – Започни ја својата кариера! е клучната компонента на сетот алатки од проектот CORE и претставува лингвистичка и содржинска адаптација на оригиналниот ProfilPASS. Оваа верзија беше специјално развиена за потребите на младите возрасни маргинализирани лица кои не се вработени, не се во образование ниту обука (NEET). Целта е да им се овозможи да го користат овој докажан инструмент за проценка на компетенции и да се поддржи нивната брза (ре)интеграција на пазарот на труд и/или во образование.

ProfilPASS – Започни ја својата кариера! ги има следниве карактеристики:

ProfilPASS – Започни ја својата кариера! за пополнување или за печатење

Комплетното ProfilPASS портфолио за пополнување во електронска форма или пак за печатење во DIN A4 формат.

CORE- Сет алатки

CORE-сет од алатки се состои од 18 инструменти за проценка на компетенции и кариерно водство од различни земји со различен методолошки пристап и содржински фокус. Овие алатки се погодни за советување млади т.н. NEET возрасни (поединци кои не се вработени, не се во образование ниту обука). Во прилог, сетот содржи упатства, водичи и материјали за учење кои служат за поддршка и остручување на целната група NEET млади возрасни, како и за зголемување на нивната вработливост. CORE Сетот алатки го надополнуваат дополнителни материјали за советници и достапни програми за поддршка на споменатата целна група во земјите од Западен Балкан.

Прирачникот за советници

CORE – Прирачникот за советници е придружен документ на CORE – Сетот алатки и на ProfilPASS – започни ја својата кариера! Тој дава основни информации како и упатства и предлози за советниците за примена на CORE – Сетот алатки и на ProfilPASS – kickstart your career!

Курикулумот за советници

Овој курикулум се базира на CORE – Сетот алатки и на ProfilPASS – kickstart your carзапочни ја својата кариера! Тој дава напатствија и предлози за обуката на советниците, како во содржинска така и во методичка смисла.

Сеопфатен извештај за идентификација на потребите

Пред скоро време, петте земји – партнери во проектот CORE (Босна и Херцеговина, Германија, Северна Македонија, Србија и Словенија) изработија сумарен извештај за млади возрасни, кои се невработени и не се во образование ниту обука (кратенка од англиски: NEET). Извештајот содржи анализа на состојбите на овие млади возрасни во земјите партнери во проектот, вклучувајќи и преглед на примери за добри практики, како и препораки за понатамошна доработка на profilPASS и на сетот алатки од проектот CORE.