Многу млади возрасни лица во Европа не се ниту вработени ниту се образуваат или обучуваат (НЕЕТ). За овие луѓе е неопходно да најдат начин како да продолжат со образованието и / или да се вработат брзо за да спречат негативни долгорочни последици. Особено е важно оваа група не само да стане свесна за сопствените компетенции, туку и тие да се проценат и признаат. Овие компетенции често се стекнуваат со активности дома, во слободно време, со семејството и пријателите или со секојдневно учење. Ова ќе им помогне да најдат работа што одговара на нивниот профил на компетенции, да ја зголеми нивната самодоверба и да ги оспособи да земат учество (повторно) во социјалниот и економскиот живот.
Проектот финансиран од ЕУ, CORE (проценка на КОмппетенциите за РЕинтеграција), според тоа, се обраќа на советниците кои работат со загрозени млади возрасни лица кои не се вработени, не се образуваат или обучуваат и кои ги поддржуваат во процесот на стекнување на свест за нивните компетенции. Целта на проектот е да обезбеди различни помагала за процесот на советување, специјално насочен кон овие загрозени млади возрасни лица.
Иако стапката на невработеност кај младите во Европа се намали во последната деценија, сепак таа е многу висока во многу држави, особено во земјите од балканскиот регион каде многу млади возрасни лица на возраст од 16 до 24 години не се ниту вработени, ниту се образуваат или обучуваат (НЕЕТ). За овие луѓе е неопходно да најдат начин како да продолжат со образованието и / или да се вработат брзо за да спречат негативни долгорочни последици. Ова може да се поддржи со стекнување свесност за нивните компетенции, кои честопати се стекнале надвор од образовниот систем и со препознавање на овие компетенции.
Главна пречка за пристапот на младите возрасни лица до советување за стручно образование во земјите од Балканскиот регион (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Словенија) е недостаток на структури за советување и постојни понуди.
Затоа, проектот CORE исто така има за цел да подготви советници за работа со оваа целна група и да ги поддржува со развивање на практична алатка за советување. Овој пакет-алатки е составен од различни алатки за проценка на компетенции и методи за обука кои се погодни за НЕЕТ и ја поддржуваат (повторната) интеграција во образованието или вработувањето.
Клучна компонента на пакетот со алатки е ProfilPASS за млади луѓе, кои ќе бидат прилагодени на специфичните потреби на овие млади возрасни лица во неповолна положба за време на проектот.
Покрај алатките CORE, ќе се изготви и наставна програма и прирачник, кои ќе претставуваат основа за специфична обука на советници. Севкупно, 15 нови советници (3 во секоја земја партнер) ќе бидат обучени за примена на материјалите за алатките.
Фаза на тестирање ќе биде спроведена од март 2021 година. Во оваа фаза 100 млади возрасни лица во неповолна положба ќе профитираат од советување со CORE-алатките.
Оваа веб-локација е изготвена со поддршка од програмата Механизам за граѓанска отпорност што се финансира од Европската Унија. Содржината е исклучива одговорност на Центар за доживотно учење и не мора задолжително да ги одразува ставовите на Европската Унија.