Оваа верзија на ProfilPASS е пред се’ погодна за млади возрасни лица кои не се во образование, обука, ниту пак во работен однос. Таа се насочува кон животната ситуација, искуствата и потребите на целната група и ги поддржува одлуките за кариерен избор и процесите за пријавување за работа, со помош на дополнителни материјали.
ProfilPASS – Започни ја својата кариера! претставува лингвистичка и содржинска адаптација на оригиналниот ProfilPASS. Оваа верзија беше специјално развиена за потребите на младите возрасни маргинализирани лица кои не се вработени, не се во образование ниту обука (NEET). Целта е да им се овозможи да го користат овој докажан инструмент за проценка на компетенции и да се поддржи нивната брза (ре)интеграција на пазарот на труд и/или во образование.
Комплетното ProfilPASS портфолио за пополнување во електронска форма или пак за печатење во DIN A4 формат.
Оваа веб-локација е изготвена со поддршка од програмата Механизам за граѓанска отпорност што се финансира од Европската Унија. Содржината е исклучива одговорност на Центар за доживотно учење и не мора задолжително да ги одразува ставовите на Европската Унија.