Download area

ЦДУ

Адаптиран ProfilPASS

ProfilPASS за жени – Ние можеме! им е наменет на жените кои сакаат да се реориентираат и да ја променат нивната работна ситуација, како и на советници што работат со жени изложени на ризик од сиромаштија.

Со помош на ProfilPASS за жени – Ние можеме! се поддржува советодавната работа и проценката на компетенции на жени, во поглед на нивната (ре)интеграција во пазарот на труд и во социјалните системи. Целта е да се поттикнат жените во поглед на нивните компетенции и да се иницираат промени, да им се пружи охрабрување и поддршка да си ги следат амбициите и да искористат можностите за вработување, образование или пак обука. Како основа беше земен оригиналниот ProfilPASS и беше адаптиран за специфичните потреби и животни ситуации на жените од Германија, Северна Македонија, Србија и Словенија.

ProfilPASS за жени – Ние можеме! се карактеризира со следниве прилагодувања, направени според целната група:

Јазични адаптации преку користење на полово-сензитивен јазик прилагоден на националниот контекст во проектните земји. Јазични прилагодувања преку користење на полово – сензитивен јазик, прилагоден кон националниот контекст во земјите вклучени во проектот. Во секој од случаите е избрана јазичната варијанта која е најинклузивна и најприфатена во моментот на развивањето на инструментот.

HOPE – Toolkit

HOPE-Сетот алатки содржи компилација од алатки специфични за целната група од земјите вклучени во проектот, кои служат за проценка на компетенции, кариерно водење и советување како и за охрабрување на жените. Тој исто така содржи придружни материјали и прирачници за советници. 

Алатките за проценка на компетенции се поделени на општи алатки и алатки за специфични целни групи како што се алатки за жени со миграциско минато или пак бегалско искуство, алатки за мајки и негувателки, алатки за женско претприемништво и алатки за жени со потешкотии во учењето, така што може полесно да се најде вистинската алатка за секоја советувана кандидатка.  Некои од алатките може да се користат самостојно од самите жени. За некои од алатките, пак, се препорачува да се користат со обучен советник.

Услуги за поддршка на жени во Северна Македонија

Во овој документ е даден преглед на услуги за поддршка на жени изложени на ризик во Северна Македонија, кој се состои од листа со информации и контакти, како што се линии за помош за жени жртви на насилство и ЛГБТИ жени, бесплатна медицинска, психо-социјална поддршка и советување, образовно и кариерно менторство на жени, мерки за поддршка на професионалци што работат со жени изложени на ризик и слично.

HOPE-Прирачник

Се’опфатниот извештај ги сумира резултатите од националните извештаи од земјите – партнери во проектот (Германија, Северна Македонија, Србија и Словенија), во кои што беа претставени потребите на целната група (жени од чувствителни категории), како и примери за добри практики. Тој служи како основа за изработка на понатамошните проектни материјали (ProfilPASS за жени, HOPE – сет алатки, прирачник за советници и курикулум).

HOPE-Курикулумот за советници е базиран на HOPE-Сетот алатки и на HOPE-Прирачникот за советници. Тој обезбедува водење и сугестии за обука на советници, во поглед на содржината и методите на обуката.

Се’опфатниот извештај ги сумира резултатите од националните извештаи од земјите – партнери во проектот (Германија, Северна Македонија, Србија и Словенија), во кои што беа претставени потребите на целната група (жени од чувствителни категории), како и примери за добри практики. Тој служи како основа за изработка на понатамошните проектни материјали (ProfilPASS за жени, HOPE – сет алатки, прирачник за советници и курикулум).